Најнова верзија на JOSM - JAVA OpenStreetMap Editor

Од денес ќе почнам да подготвувам JOSM пакет за Windows OS спремен за инсталација со веќе инсталирани плагин-ови кои често се користат при уредувањето на мапите и со преинсталирана верзија на ЈАВА.

На Вас останува да го симнете пакетот, да го инсталирате и да почнете да придонесувате на OSM.

Овој пакет е подготвен како олеснување за оние кои што немаат време или не знаат како да го подготват JOSM едиторот за работа.

Голем поздрав до komzpa за првичната верзија и инструкциите!

Пакетот можете да го превземете од следнава адреса http://osm-mkd.vidi.mk/josm

Среќно ОСМ мапирање!